
-
Општи Информации
Комплексот Vila@ (Вилает) е во процес на изградба. Сите куќи се со иста големина и распоред на простории. Секоја куќа има нето површина на приземје од 77.7м2, 65.3м2 на кат, 10м2 тераса на кат и од 12 до 22м2 трем на приземје. Секоја куќа е сместена на плац со вкупна површина од околу 300м2 (точната површина зависи од избраната куќа).
Изградбата се одвива во 2 фази:
- Во фаза 1 се градат куќите со број 1,2,3,11 и 12.
- Во фаза 2 се градат куќите со број 4,5,6,7,8,9 и 20.
Фаза 1 ќе биде готова за вселување во доцна пролет - лето 2025.
-
Ниво на Опременост на Куќите
1. Надворешна сигурносна врата
2. Salamander прозорци
3. Бели внатрешни врати со фул мдф 36 мм крило и 39мм каса, звучна изолација до 38 dB, водотпорни и до 40 мин. огноотпорни
4. Глетувани и бело молерисани ѕидови
5. Енергетски ефикана фасада
6. 1-ва класа плочки во купатила на приземје и кат / ходник на приземје, порч (трем) и тераса на кат
7. Комплетна санитарија
8. Трослоен паркет во сите простории
9. Бетонски скали обложени со масивно дрво
10. Ладење/греење на струја со централни единици по кат и фенкојлери
11. Трем покриен со систем од алуминиумски столбови и подвижен кров со осветлување
12. Место за паркирање на 2 коли
13. Комплетно хортикултурно уреден двор со ситем за наводнување
Базен се смета за дополнителна опрема, може да биде вграден по желба и во договор со купувачот.