Отклучете го вашиот дом од соништата!

На само 12 минути возење од центарот на Скопје, на мирна локација, во населба Илинден, се гради нов комплекс од затворен тип Vila@(Вилает). Комплексот се состои од модерни и комфорни куќи-приземје со трем и кат со тераса на кат, со стандардизирана архитектура, комотен и функционален распоред на простории, дистинктивни фасади, базени (по желба) и хортикултурно уредени дворови. Комплексот ви дава можност да живеете безбедено, опружени со избрани соседи, но да можете да се одвоите во интимноста на сопствената куќа, да уживате во утринско кафе на тераса или трем, опкружени со мир и зеленило, а сепак многу блиску до сите активности и потреби поврзани со центарот на Скопје.

Овој современ начин на живеење кој се практикува во сите развиени земји, ви овозможува брзо да стигнете на работно место во центарот на Скопје, да работите удобно од дома, вашите деца да растат безбедни надвор, во зеленило, со детска игра, да правите скара, да се дружите или да се одвоите за да читате книга, да пливате во базен, да вежбате јога, да живеете секојдневен квалитетен живот во чиста и мирна средина, одвоени од бучавата, загадувањето, густиот сообраќај и нерешеното паркирање кое е секојдневие на стресното и оптоварено живеење во Скопје.

Во непосредна близина на комплексот се сите удобности кои ви се потребни за секојдневно брзо, лесно и комплетно функционирање како што се самопослуги, месарници, продавници, но и места за спорт и рекреација.

  • Општи Информации и План на Комплексот

  • Распоред и Опременост на Куќите

  • Галерија

Контакт

За сите информации ви стоиме на располагање на теледон +389 76 200 776 или vilaethomes@gmail.com